Низ ходниците |

Гостиварските средношколци порачаа „Стоп за врсничкото насилство“

За врсничкото насилство не смее да се молчи, треба секој да помогне и да застане на страната на оние кои се малтретирани, порачаа гостиварските средношколци преку танцов театар. На настанот учествуваа средношколците од гостиварската гимназија, економското училиште и нивни соученици од скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“.

Освен театарски перформанс, во рамки на проектот „Мировно образование“ со поддршка од Првата детска амбасада „Меѓаши“, беше прикажан и краток филм за психолошките последици од врсничкото насилството, а потоа се разви и дебата на темата меѓу средношколците.