Низ ходниците |

Градот Скопје за првпат стипендира спортисти

feat-img

Со цел да ја зголеми мотивираноста кај младите и талентирани спортисти – средношколци, Град Скопје за првпат воведе стипендирање на спортисти – средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на Скопје. Ќе се изберат 100 стипендисти – средношколци, кои во текот на 8 месеци во тековната 2018 година ќе добиваат стипендија од 3.000 денари месечно со платен персонален данок, средства обезбедени од буџетот на Град Скопје.

Јавниот повик траеше заклучно со 26.04.2018 година.