d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
hobi-ili1

Хоби или?

Цртањето илустрации и стрипови е несекојдневното и интересно хоби на 17-годишниот Мирослав Грчев од Скопје. Овој ученик во скопската гимназија „Георги Димитров“ поголемиот дел од своето време го минува со своите цртежи, во кои остава дел од себе.

Талентот за цртање бил забележан уште одамна, кога немал ни полни пет години, па како што вели и самиот Мирослав, и тогаш и сега најголемата поддршка ја има од неговиот татко. Инспирацијата ја црпи од компјутерски игри, цртани филмови и многуте стрипови кои секојдневно ги чита. Својата фантазија ја претвора во слики со акварел, туш и акрилни бои.

„Кога сум нервозен, целата негативна енергија ја пренесувам на листот и тогаш имам најголема инспирација за цртање. Понекогаш се случува со часови да седам затворен со листовите пред мене, но тогаш се чувствувам навистина исполнето“, вели Мирослав.

Тој не пропушта да посети ниту една изложба во Скопје и во другите градови во Македонија. Иако смета дека оваа култура не е многу развиена во Македонија, таленираниот гимназијалец себе си гледа како иден успешен и познат графички дизајнер и илустратор. Ова момче има огромен талент за сликање, но својот талент до сега го криел од пошироката јавност. Не конкурирал на конкурси, а неговите цртежи ги гледале само оние околу него. Се` до минатата година, кога добил награда на средношколските игри, а веќе до крајот на оваа година најавува и своја изложба.

hobi-ili2 hobi-ili hobi-ili3

Автор: Александра Михајловска, ученичка во СУГС „Георги Димитров“