Активирај се | Создадено од вас |

Хористите од „Мирче Ацев“ на Интернационален театарски фестивал

feat-img

Хористите на прилепската гимназија „Мирче Ацев“ беа дел од актерската екипа на театарот „Војдан Чернодрински“ којшто го освои третото место на Интернационалниот фестивал на театарска уметност “Екс Понто”.

Фестивалот, што се одржа во Љубљана, Словенија од 14 до 21 септември, е препознатлив по учеството на врвни претстави со социјални и политички теми. Прилепскиот театар го отвори фестивалот со претставата „Швејк во втората светска војна“ од Бертолт Брехт, во режија на Мартин Кочовски. Успешната изведба предизвика многубројни аплаузи и овации кај словенечката публика, а актерската екипа беше петпати враќана на бис во еден од најпрестижните европски театри “СНГ Драма”. Триднениот престој во Љубљана, прилепските средношколци го искористија и за прошетки и дружбисо актери од различни земји.

Марко Цветаноски, III година, ОСУ „Мирче Ацев“ – Прилеп