Низ ходниците |

Хуманитарен маркет на корчагинци

feat-img

Средношколци од скопското училиште „Раде Јовчевски – Корчагин“ организираа хуманитарен маркет во училишниот хол на кој се продаваше здрава храна.

Идејата потекна од учениците од прва и втора година кои во секој клас формираа посебни „компании“ и од нив собираа акции за да купат свежо овошје. Од овошјето изработија производи кои ги продаваа за да добијат средства кои ќе ги наменат за хумантирани цели. Сите ученици заедно сочинуваа една мала компанија која ја нарекоа „Здраво, здраво“. Во проектот што се реализираше по предметот Иновации и претприемништво корчагинци освен како млади менаџери, се докажаа и како хумани.

Теа Јовановска II-7, Анастасија Попоска II-7, СУГС „Раде Јовчевски- Корчагин“