d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Информатичарите освоија три медали на Балканската олимпијада

Сребрен и два бронзени медали освои македонскиот тим од средношколци на 27-та Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2019), која од 9 до 14 септември се одржа во Атина, Грција. Дел од тимот беа четворица тинејџери: Мартин Динев од Валандово, Андреја Величковски од Куманово, Благојче Павлески од Прилеп и Владимир Шарковски од Скопје, а со нив работеа менторите Емин Станков и Владимислав Бидиков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

На годинашното издание на БОИ учествуваа вкупно 44 натпреварувачи од 12 балкански земји.

Средношколците кои влегоа во македонскиот тим беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари што редовно се организира од Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ), а оваа година беше поддржан од Агенцијата за млади и спорт, Фондот за иновации и технолошки развој, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и неколку компании. Натпреварите се одржуваат преку системот мендо.мк, кој е достапен во текот на целата година за сите ученици.