„Интернационално село“ среде Словачка
На самиот почеток од годинава, учениците од скопската гимназија „Орце Николов“ како дел од проектот „Интернационално село Словачка”, ја посетија Братислава во друштво на ученици од повеќе европски земји.
Проектот е наменет за размена на јазикот и културата на ученици на возраст од 14 до 17 години од неколку земји во Европа. Целта е учениците да научат повеќе за земјата, народот, културата и традициите на останатите земји-учеснички со цел да се надминат секакви предрасуди кон други земји или култури. За време на посетата учесниците комуницираа на англиски јазик, а истовремено учествуваа и во различни активности.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.