Активирај се | Создадено од вас |

„Каревци“ победија на натпревар за рециклирачки материјали

feat-img

Диносаурусот Кришка изработен од рециклирачки материјали – картони и лед диоди, им го донесе првото место на средношколците од скопската гимназија „Никола Карев“ на натпреварот за управување со отпад на организацијата „Пакомак“.

Учениците од третата година велат дека не било лесно да се направи диносаурус поради неговата големина и сложеност, па морале неколку пати да го преправаат и одновно да почнуваат со работа. „Учеството на ваков натпревар беше многу забавно, а и самата идеја и помисла да се направи нешто од рециклирачки материјали ни беше предизвик“, вели ученичката Ангела Рафаиловска. „Не очекувавме да го освоиме првото место поради тоа што имаше доста добри дела изработени од ученици од нашата гимназија, но и од други училишта. Кога ја дознавме веста дека токму нашиот Кришка е победник бевме навистина изненадени“, раскажуваат учениците. Тие велат дека вределе сите викенди минати во училиштето работејќи на Кришка, но и дека се полни со идеи и ентузијазам и повторно ќе се пријават следната година.

Фросина Неделковска 3-7, СУГС„Никола Карев“