d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
TEMA ZA DILEMA1 nh

Клик до опасна зона

Кол­ку вре­ме мла­ди­те по­ми­ну­ва­ат на Ин­тер­нет и да­ли се свес­ни за мож­на зло­у­по­тре­ба на нив­ни­те фо­то­гра­фии, да­ту­ми на ра­ѓа­ње, адре­си и дру­ги лич­ни по­да­то­ци е те­ма на ко­ја во Ма­ке­до­ни­ја ре­чи­си и да не се на­пра­ве­ни по­се­ри­оз­ни истра­жу­ва­ња.

 

„Он­лајн“ е ста­ту­сот во кој им по­ми­ну­ва го­лем дел од нив­но­то се­којд­не­вие, но исто та­ка по­ве­ќе­то сме­та­ат оти се за­поз­на­е­ни со опас­но­сти­те што ги дем­нат во сај­бер-про­сто­рот е впе­ча­то­кот што го до­бив­ме од на­ши­те раз­го­во­ри со не­кол­ку сред­но­школ­ци.

– Не­ма ден, а да не се вклу­чи­ме на со­ци­јал­ни­те мре­жи за да про­ве­ри­ме што има но­во, што по­сти­ра­ле на­ши­те при­ја­те­ли. Ин­тер­не­тот го ко­ри­сти­ме се­којд­нев­но, но мис­лам де­ка ре­тко кој од нас се гри­жи за тоа кол­ку е без­бе­ден иа­ко сме свес­ни де­ка мно­гу­ми­на зна­ат на­чи­ни ка­ко да вле­зат на ту­ѓи про­фи­ли и исти­те да ги зло­у­по­тре­бу­ва­ат. Сме­там оти е по­треб­но да се по­све­ти по­ве­ќе вни­ма­ние ток­му на на­ша­та си­гур­но­ста на Ин­тер­нет – ве­ли На­ди­ца Трај­ков­ска, уче­нич­ка во сред­но­то скоп­ско учи­ли­ште „Ра­де Јов­чев­ски-Кор­ча­гин“.

Дел од нив сме­та­ат оти лич­ни­те по­да­то­ци оста­ве­ни на со­ци­јал­ни­те мре­жи се нај­лес­ни за откри­ва­ње, а по­тоа и за зло­у­по­тре­ба, па се тру­дат да се за­шти­тат.

– Сво­ја­та при­ват­ност се оби­ду­вам да ја за­шти­там со тоа што вни­ма­вам што спо­де­лу­вам со дру­ги­те лу­ѓе, из­бег­ну­вам јав­но при­ка­жу­ва­ње на мои лич­ни по­да­то­ци, те­ле­фон­ски број, адре­са на жи­ве­е­ње, а ко­га на­и­ду­вам на не­поз­на­ти вни­ма­вам на ко­му­ни­ка­ци­ја­та или во­оп­што не ни ко­му­ни­ци­рам – об­јас­ну­ва сред­но­школ­ка­та Дра­га­на Ла­за­ро­ва од учи­ли­ште­то „Го­шо Ви­кен­ти­ев“ во Ко­ча­ни.

Спо­ред по­да­то­ци­те, пак, на Ди­рек­ци­ја­та за за­шти­та на лич­ни по­да­то­ци (ДЗЛП), еден од по­го­ле­ми­те проб­ле­ми по­вр­зан со при­ват­но­ста во сај­бер-про­сто­рот се фо­то­гра­фи­и­те. Тие истак­ну­ва­ат де­ка сред­но­школ­ци­те не обр­ну­ва­ат вни­ма­ние на спо­де­лу­ва­ње­то фо­то­гра­фии без сог­лас­ност сѐ до оној мо­мент ко­га ќе сфа­тат де­ка ста­ну­ва збор за би­о­ме­три­ски ли­чен по­да­ток.

Ток­му на­чи­нот на кој се об­ја­ву­ва­ат фо­то­гра­фи­и­те на со­ци­јал­ни­те мре­жи е еден од ас­пе­кти­те што го истак­на и ИТ-ин­же­не­рот Де­јан За­фи­ров­ски.

– Пред не­кол­ку го­ди­ни ха­ки­ра­ње­то про­фи­ли и кра­де­ње­то по­да­то­ци бе­ше по­лес­но за раз­ли­ка од де­нес, би­деј­ќи по­сто­ја­но се над­гра­ду­ва­ат и усо­вр­шу­ва­ат без­бед­нос­ни­те си­сте­ми. Пр­ви­от че­кор за еден сред­но­шко­лец, но и за се­кој друг ко­рис­ник, да би­де по­без­бе­ден мо­же и тре­ба да го на­пра­ви са­ми­от. Пред сѐ, фо­то­гра­фи­и­те да не би­дат јав­ни, би­деј­ќи нај­че­сто се ко­ри­стат за лаж­но прет­ста­ву­ва­ње и кре­и­ра­ње дру­ги про­фи­ли, а се­ка­ко не тре­ба да ги оста­ва­ат ни­ту це­лос­ни­те да­ту­ми на ра­ѓа­ње, мо­бил­ни­те те­ле­фо­ни, адре­си­те – со­ве­ту­ва За­фи­ров­ски.

Слич­ни се и со­ве­ти­те кои ги да­ва­ат и од ДЗЛП, од ка­де што пре­ду­пре­ду­ва­ат де­ка ед­наш при­бра­ни­те по­да­то­ци на не­ко­ја веб-стра­ни­ца се ко­ри­стат, пре­пра­ќа­ат, но исто та­ка мо­жат и да се зло­у­по­тре­бу­ва­ат на без­број на­чи­ни. Ве­лат, те­шко мо­же да се утвр­ди што се слу­чу­ва со лич­ни­те по­да­то­ци кои цир­ку­ли­ра­ат во сај­бер-про­сто­рот.

Ди­рек­ци­ја­та во со­ра­бо­тка со сред­но­школ­ци­те од СУГС „Ни­ко­ла Ка­рев“, ми­на­та­та го­ди­на на­пра­ви­ле истра­жу­ва­ње во кое би­ле вклу­че­ни 548 уче­ни­ци од пр­ва до че­твр­та го­ди­на.

Дел од ре­зул­та­ти­те по­ка­жа­ле оти ти­неј­џе­ри­те не об­ја­ву­ва­ат, ама при­ма­ат про­во­ка­тив­ни со­др­жи­ни, на при­мер, око­лу 400 од нив при­ми­ле не­чи­ја про­во­ка­тив­на фо­то­гра­фи­ја на не­ко­ја со­ци­јал­на мре­жа, а без­мал­ку на 40, пак, им би­ла зло­у­по­тре­бе­на.

Од дру­га стра­на, пак, за­гри­жу­вач­ки е и по­да­то­кот де­ка ду­ри 388 уче­ни­ци има­ат лаж­ни про­фи­ли.

Ко­га ста­ну­ва збор, пак, за про­е­кти­те за за­шти­та, од ДЗЛП ин­фор­ми­ра­ат де­ка спро­ве­ду­ва­ле актив­но­сти за да ги за­поз­на­ат ро­ди­те­ли­те со проб­ле­ма­ти­ка­та пре­ку Со­ве­ти­те на ро­ди­те­ли во си­те сред­ни учи­ли­шта, а кре­и­ра­ле и во­дич со ме­ха­низ­ми за при­ја­ва на зло­у­по­тре­ба.

– Во­ед­но, се­кое сред­но учи­ли­ште има наз­на­че­но офи­цер за за­шти­та на лич­ни­те по­да­то­ци кај ко­го мо­же ди­рект­но да се обра­тат со цел ми­ни­ми­зи­ра­ње на по­вре­да­та на пра­во­то на за­шти­та на лич­ни­те по­да­то­ци во нај­брз мо­жен рок – ве­ли Лил­ја­на Пе­цо­ва од ДЗЛП.

TEMA ZA DILEMA2 nhДо­де­ка кај нас ре­тко мо­жат да се про­нај­дат по­оп­сеж­ни истра­жу­ва­ња на те­ма­та, по­го­ле­ми­от дел од европ­ски­те зем­ји се и че­кор по­на­пред. Ед­но од нив е спро­ве­де­но од мул­ти­на­ци­о­нал­на­та истра­жу­вач­ка мре­жа „ЕУ кидс он­лајн“, ко­ја е фор­ми­ра­на од стра­на на Европ­ска­та ко­ми­си­ја ка­ко дел од про­гра­ма­та „По­без­бе­ден Ин­тер­нет за де­ца­та“.

Истра­жу­ва­ње­то е на­пра­ве­но за де­ца­та од 11 до 16 го­ди­ни и е спро­ве­де­но на ме­ѓу­на­род­но ни­во, но Ма­ке­до­ни­ја не е дел од не­го. Спо­ред ана­ли­зи­те, де­ца­та се вклу­чу­ва­ат на Ин­тер­нет најм­но­гу пре­ку мо­бил­ни уре­ди, па за­тоа е те­шко за ро­ди­те­ли­те да ги сле­дат нив­ни­те актив­но­сти.

Се истак­на де­ка не се­кое ко­ри­сте­ње Ин­тер­нет да­ва бе­не­фи­ции. Па та­ка, до­би­ва­ње­то ко­рис­ни ве­шти­ни за­ви­си од во­зра­ста на де­те­то, по­лот, со­цио-еко­ном­ски­от ста­тус, кол­ку до­би­ва­ат под­др­шка од ро­ди­те­ли­те и ви­дот на со­др­жи­на­та ко­ја им е до­стап­на на Ин­тер­нет. Ко­ри­сте­ње­то на нив­ни­те ве­шти­ни во сај­бер-про­сто­рот не­сом­не­но ги во­ди кон одре­де­ни ри­зи­ци кои мо­жат се­ри­оз­но да им на­ште­тат. Иа­ко не се­ко­ја со­др­жи­на мо­же да пре­диз­ви­ка се­ри­оз­на ште­та, во истра­жу­ва­ње­то се на­ве­ду­ва де­ка мож­но­ста ед­но де­те да би­де воз­не­ми­ре­но на Ин­тер­нет за­ви­си од во­зра­ста, но и од от­пор­но­ста кон тоа што се слу­чу­ва во сај­бер-про­сто­рот.

– Де­ца­та најм­но­гу са­ка­ат да ги по­се­ту­ва­ат со­ци­јал­ни­те мре­жи, да „че­ту­ва­ат“, да го ко­ри­стат ви­де­о­ка­на­лот Јут­јуб и да игра­ат игри. Не­ма­ат го­ле­ма жел­ба да при­ка­чу­ва­ат до­ку­мен­ти на Ин­тер­нет, да чи­та­ат ве­сти или да пар­ти­ци­пи­ра­ат во вир­ту­ел­ни све­то­ви.

Во рам­ки­те на истра­жу­ва­ње­то, де­ца­та се пра­шу­ва­ни и што најм­но­гу им пре­чи на Ин­тер­нет, што ги воз­не­ми­ру­ва.

По­ме­ѓу клуч­ни­те со­др­жи­ни што ги воз­не­ми­ру­ва­ат се на­ве­ду­ва­ат дет­ска­та пор­но­гра­фи­ја, агре­си­ја­та, зло­ба­та, на­силс­тво­то кон пос­ла­би­те (жи­вот­ни и ма­ли де­ца). Мом­чи­ња­та изра­зу­ва­ат по­ве­ќе гри­жа за на­силс­тво­то откол­ку де­вој­чи­ња­та, до­де­ка де­вој­чи­ња­та се за­гри­же­ни за ри­зи­ци­те од вос­по­ста­ву­ва­ње­то кон­та­кти. Спо­ред ана­ли­зи­те, за­гри­же­но­ста на де­ца­та за он­лајн-ри­зи­ци­те дра­стич­но рас­те кај де­ца­та од де­вет до 12 го­ди­ни.

Але­ксан­дар Са­мар­џи­ски, но­ви­нар во „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“