Низ ходниците |

Конкурс на меѓународен училишен натпревар

feat-img

„Да ја поттикнеме солидарноста: Да се грижиме за другите и да го споделиме она што го имаме!“ – ова е темата на овогодишниот конкурс за прекугранични школски објекти. По осми пат по ред, ACES – Академијата на средноевропски училишта ги повикува наставниците и учениците да осмислат и спроведат нови проекти, во соработка со меѓународни партнери. Предлозите на проектите можат да се испратат во периодот од 15 јануари до 15 април. Училиштата кои ќе претстават најдобри проекти ќе освојат вредни парични награди.

Тема на овогодишниот конкурс: солидарност

Сите луѓе се еднакви, но немаат сите еднакви можности. За жал, некои луѓе во животот се помалку повластени од една или друга причина. Некои можеби имаат посебни потреби, живеат под границата на сиромаштија или се маргинализирани поради тоа кои се, од каде доаѓаат или поради нешто што им се случило во животот. ACES тежнее кон создавање општества во кои луѓето се грижат едни за други, во кои луѓето не само што ги бараат своите права, туку се и свесни за својата одговорност за доброто на сите. ACES ја промовира идејата за партнерство на еднакви основи и заедничка одговорност. Благодарение на меѓународниот карактер на оваа идеја, ги охрабруваме учениците и наставниците да размислуваат надвор од границите на своето непосредно опкружување. Стекнувањето пријатели од други земји и согледувањето на сопствената земја од поинаква перспектива го зајакнуваат критичкото размислување, емпатијата и солидарноста, а во исто време донесуваат и многу забава, обкјаснува Робин Госејохан, менаџер на проектот на ЕРСТЕ Фондацијата.

Едно натпреварување – многу победници

acesВо периодот од 15 јануари до 15 април, училиштата кои што се заинтересирани да учествуваат во оваа иницијатива треба да пронајдат партнери од земјите од регионот на централна и југоисточна Европа и да го предадат предлогот на заедничкиот проект. Конкурсот е отворен за училиштата во земјите учеснички во проектот: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Унгарија, Македонија, Молдавија, Романија, Чепка, Словачка, Србија и Косово. Целната група се учениците на возраст од 12 до 17 години. Апликацијата за пронаоѓање партнерски училишта е достапна он-лајн, на веб страницата на ACES (www.aces.or.at/partnerfinder). Меѓународно жири ќе ги одбере и ќе ги награди најдобрите идеи. На победниците ќе им биде овозможена и поддршка за реализација на прекуграничните проекти. Завршните средби на меѓународните делегации кои ќе ги претстават победничките проекти ќе претставуваат прилика и за размена на идеи и унапредување на образовниот процес.