d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
HEROJOT OD MOJATA ULICA Kristijan Veles 01f

Кристијан Јорданов, ученик во СОУ „Кочо Рацин“, Велес

Пишува поезија и раскази, паралелно се занимава и со глума, а неговите соученици велат дека слободно може да се фати за микрофон и да запее. Средношколецот во велешката гимназија, Кристијан Јорданов, во моментов се подготвува за неговата улога во театарската претстава која во наредниот период се очекува да биде изведена пред велешани. Кога нема обврски околу претставите, вели, времето го троши на пишување.

Токму во овие правци ја гледа и неговата иднина, па затоа планира да студира драма или јазици, како што е турскиот, а од неговите планови не го исклучува ниту новинарството. Глумата, љубовта кон пишаниот збор и музиката се темите на кои разговаравме со средношколецот Кристијан.

Имаш напишано многу песни и раскази. Кога започна со пишувањето и планираш ли сето тоа да го објавиш во книга?

Искрено, не знам пред колку точно време. Почнав да пишувам бидејќи добив желба она што лежи во мене да го пренесам и на хартија. Често тоа го објавувам и мојот профил на Фејсбук . Кога станува збор за издавање книга, имам таква намера, меѓутоа истовремено имам и некој страв. Многу други писатели и автори ме охрабруваат да го направам тоа. Не знам кога, но би сакал еден ден моите песни и раскази да ги претставам меѓу корици.

Кој е твојот омилен литературен жанр?

Обично кога сакам нешто накратко да кажам тоа го преточувам во стихови, но има и такви работи за кои сакам да се изразам пошироко и тогаш пишувам подолги раскази. Со расказите можам поексплицитно да се изразам и тие често се пишуваат за да се поттикне читателот да размислува за некои прашања.

Покрај со пишување, активен си и во глумата. Кога беше твојот прв аматерски настап на сцена?

Ако добро се сеќавам, тоа беше во петто или во шесто одделение за патронатот на училиштето. Љубовта кон глумата се „јави“ пред околу четири години, кога случајно дојдов во контакт со актерката Весна Димитрова-Бобевски. Претходно никогаш немав желба, ниту амбиции да се занимавам со тоа, меѓутоа ми стана интересно и до ден-денес глумата е дел од моето секојдневие.

HEROJOT OD MOJATA ULICA Kristijan Veles 02fИмаш ли трема и како се справуваш со неа?

Јас имам огромна трема. Но тремата ја имам сѐ до оној момент кога ќе излезам на сцена, односно веќе во првите реплики заборавам на сè. Меѓутоа, во првите мои претстави не беше така. Се случувало да ми се „блокира“ мозокот и по петнаесетина секунди да сум во тотална тишина на сцената. Подоцна, кога веќе се навикнав, се намали тремата и научив да ја контролирам, но никогаш не се изгуби.

Кој е твојот идол?

Ако може така да го наречам, тоа е Игор Џамбазов, човекот на кој му се восхитувам. Можеби затоа што кај него пронаоѓам многу сличности со мене. Тој е дипломиран актер, јас се занимавам со глума, и тој пишува, обожава и пее блуз, а јас се обидувам да ги отпеам неговите песни.

Меѓу младите велешани важиш за некој кој е талентиран и за музика. Кој е твојот омилен музички жанр и дали си размислувал некогаш да се пробаш и на тоа поле?

Обожавам блуз, бидејќи ме релаксира, но ја сакам и класичната музика. На оваа листа ќе ја додадам и музиката на Тоше. Никогаш не сум размислувал да се пробам во музиката, но зошто да не ако ми се укаже можност. Јас одам по онаа логика дека човек треба сѐ да проба во животот. Нема што да изгубам.

Автори: Барбара Бочварова, Илина Димовска и Сара Тодоровска, четврта година во СОУ „Кочо Рацин“, Велес