d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
kumanovo-st-petersburg

Куманово и Санкт Петербург ги збратимија гимназиите

Учење на руски јазик преку незаборавни дружби. Вака петте ученци од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово ја опишуваат својата авантура рускиот град Санкт Петербург.

Средношколците, заедно со шест нивни професори и градоначалникот на Општина Куманово, ја посетија гимназијата во Санкт Петербург. Покрај договорот за соработка, професорите црпеа идеи за работа од своите руски колеги, додека кумановските ученици – сместени во семејства кај своите врсници, имаат можност да се запознаат со културата и обичаите на рускиот народ.

„Покрај овие богати школски активности, нашата група ученици имаа време и за разгледување на прекрасниот стар и раскошен град и запознавање со неговата историја, музеи, споменици. Уживаа во релаксираните прошетки надвор од градот и во друштвото на драгите пријатели од оваа наша збратимена гимназија“, велат професорите.

Проектот продолжува и во иднина. Сега Кумановци ги очекуваатучениците од гимназијата во Санкт Петербург да ја посетат Македонија.

Ива Томовска 4-11, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово