Низ ходниците |

Кумановските „билингвалци“ ја посетија Франција

feat-img

Средношколците од билингвалните паралелки од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ се запознаа со францускиот образовен систем и култура при еднонеделната посета на градот Дулен.

Учениците посетија неколку средни училишта и имаа можност да се запознаат како се одвива наставата според француските образовни методи, но и да се запознаат со можностите за студирање на државните факултети во Франција без полагање на приемен испит. Кумановските ученици беа сместени во семејства на нивни врсници и така ги запознаа културата и обичаите на францускиот народ. При посетата на Париз, учениците добија силни впечатоци од Ајфеловата кула, Лувр, Нотр Дам, Триумфалната капија и други музеи, споменици и градини. Проектот продолжува. Сега кумановци ги очекуваат учениците од гимназијата во Дулен да го посетат Куманово.

Ива Томовска IV-11, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово