feat-img

Ана Давидовиќ, 1-2  СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“, Скопје

Заврши новогодишната, ред и за љубовната еуфорија низ скопските улици. И повторно дилемата, што да се подари за Св. Валентајн?! Букет рози, чоколадни бомбони, кадифено мече или црвено срце?!

Ако за некои тоа е начинот да се искаже љубовта кон саканата личност, поиновативните како можност за изненадување може да ја искористат љубовната порака. Специфични, оригинални и од од срце напишани две-три реченици, по можност на хартија. Пораки по „нарачка” има еден куп кои можеме да ги најдеме на социјалните мрежи, но подобро нека е едно „те сакам“ ама нека е од срце. Никако не смее да се заборави наједноставниот подарок кој нема да ве чини ништо, освен зацрвенети образи на оние на кои ќе им биде прв пат. Бакнежот.

Дозволено е и чаша добро вино (барем за повозрасните) бидејќи и денот сам по себе е таков. Многумина веруваат дека токму на овој ден започнува пролетта, се буди природата, но и љубовта меѓу луѓето. Се верува дека Св. Трифун на својот празник забодувал факел во земјата и така снегот почнувал да се топи. Овој голем православен празник е надеж за лозарите дека родот ќе биде богат, а од него ќе произлезе добро вино. Црковното вели дека Св. Трифун е прекрасна стара традиција за лозарите и виното.

А што се однесува до љубовта? Кога да се слави љубовта, кога виното?! Без разлика на тоа кој колку верува во приказните, Свети Валентајн како најголема слава на љубовта, се одомаќини речиси во секоја земја. Колачињата и плишаните играчки во форма на срце во црвена боја станаа заштитен знак на размената на љубов. Тврдењето дека треба да се сакаме секој ден, а не само на 14-ти февруари е „,поклиширано“ од самиот празник. Се разбира дека убаво е да сме сакани секој ден, но особено романтично е да се има и еден ден одреден за љубов.

Свети Трифун и Свети Валентин – два празника кои се празнуваат во еден ден. И едниот и другиот се убави и поврзани, исто како и виното и љубовта. Секогаш одат заедно.