Матуранти читаа извадоци од творештвото на Мисирков

Четворица матуранти од скопското средно училиште „Георги Димитров“ интерпретираа дел од творештвото на Крсте Петков Мисирков, по повод 90 години од неговата смрт. Настанот се одржа во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје и со истиот се искажа почит кон ликот и делото на Мисирков.
Ана Николовска, Олга Дамовска, Леонтина Тодоровиќ и Кристијан Самарџиски се учениците кои читаа извадоци од делата на Мисирков.
Месецов, средношколците, исто така, ја одбележаа и десетгодишнината од смртта на великанот во македонската литература, Петре М. Андреевски.
Со градската библиотека „Браќа Миладиновци“, пак, нивното училиште соработува веќе неколку години и, како што велат оттаму, за тоа е заслужна училишната библиотекарка Маја Темелковска, професорка по руски јазик.
М.И.