Активирај се | Создадено од вас |

Матурантите по десетти пат одиграа „квадрил“

feat-img

И годинава, повеќе од илјада матуранти од цела земја, точно напладне на 20-ти мај, се собраа на плоштадот „Македонија“ и традиционално го одиграа танцот „квадрил“ во рамки на „Матурска парада 2016“.

По десетти, јубилеен пат, во исто време танцуваа заедно со своите врсници од повеќе градови од земјава и од Европа, на звуците на штраусовата опера „Лилјакот“.

На настанот, кој го отвори скопскиот градоначалник Коце Трајановски, учествуваа ученици од 20 средни училишта од Скопје, Охрид, Струга, Струмица, Валандово, Гевгелија и Неготино.

Пред започнувањето на танцот „квадрил“, матурантите положија заклетва за ненасилство и толеранција.

„Матурска парада 2016“ е во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во соработка со танцовиот клуб „Ритам плус“, а под покровителство на Градот Скопје.

Поддржувач на манифестацијата е Делегацијата на Европската унија во Македонија.