Меѓународниот ден на спортот се одбележа во „Здравко Цветковски“
Со средношколски натпревари во одбојка-жени и футсал-мажи беше одбележан Меѓународниот ден на спортот – 6 април во скопското училиште „Здравко Цветковски“.
На настанот присуствуваа претседателот на Европскиот олимписки комитет и потпретседателот на Светскиот олимписки комитет Патрик Хикеј, претседателот на Македонскиот олимписки комитет Васил Топурковски, претставници од Министерството за образование и наука, Агенцијата за млади и спорт, Град Скопје, директори од средните училишта, професори и ученици. Директорката Драгица Костадиновска им врачи благодарници на сите соработници и помагатели во одбележувањето на настанот.
Стево Павловски, професор во СУГС„Здравко Цветковски“ – Скопје