Активирај се | Создадено од вас |

Мла­ди­те мо­ра да се на­у­чат ка­ко да се спра­ват со емо­ци­и­те!

feat-img

Емо­ци­о­нал­ни­от жи­вот кај мла­да­та по­пу­ла­ци­ја во на­ша­та зем­ја е на мно­гу ни­ско ни­во. Кај нас, си­те – и на­став­ни­ци­те и уче­ни­ци­те и ро­ди­те­ли­те, се прем­но­гу фо­ку­си­ра­ни на ус­пе­хот со оцен­ки­те, но е не­оп­ход­но да се обра­ти вни­ма­ние и на мен­тал­но­то здрав­је на мла­ди­те. По­треб­но е дејс­тву­ва­ње и во таа на­со­ка, мла­ди­те да до­би­јат под­др­шка и да на­у­чат да се спра­ват со емо­ци­и­те, би­деј­ќи мен­тал­но­то здрав­је е не­и­зо­ста­вен дел од жи­во­тот. По­треб­но е из­ди­га­ње на све­ста кај лу­ѓе­то, осо­бе­но кај про­фе­со­ри­те и над­леж­ни­те ин­сти­ту­ции кои ра­бо­тат во об­ла­ста на обра­зо­ва­ни­е­то за да се по­све­ти по­ве­ќе вни­ма­ние на емо­ци­о­нал­но­то со­зре­ва­ње на уче­ни­ци­те.

Ва­кви по­ра­ки беа ис­пра­те­ни од јав­ни­от ди­ја­лог кој ме­се­цов се одр­жа во про­сто­ри­и­те на Град Скоп­је, на те­ма­та „Емо­ци­о­нал­на­та ком­пе­тент­ност ка­ко цел во на­ши­от обра­зо­вен си­стем“, а во рам­ки­те на про­е­ктот „Раз­ви­ва­ње на емо­ци­о­нал­на­та ком­пе­тент­ност“.

Најм­но­гу слу­ша­те­ли има­ше ток­му од нај­за­сег­на­ти­те – сред­но­школ­ци­те, но при­сус­тву­ваа и про­фе­со­ри и пси­хо­ло­зи од раз­лич­ни сред­ни учи­ли­шта, прет­став­ни­ци од нев­ла­ди­ни­от се­ктор и од Град Скоп­је, ро­ди­те­ли итн.

ДУРИ 43 ОТСТО ОД ДЕВОЈЧИЊАТА ИМААТ ДЕПРЕСИВНО РАСПОЛОЖЕНИЕ

Пси­хо­ло­гот од СУГС „Ор­це Ни­ко­лов“, Ана По­при­зо­ва, ги спо­де­ли за­гри­жу­вач­ки­те по­да­то­ци од пос­лед­но­то истра­жу­ва­ње на Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја за мен­тал­но­то здрав­је на уче­ни­ци­те. Сту­ди­ја­та на­пра­ве­на во 48 зем­ји на мла­ди на во­зраст од 13 до 15 го­ди­ни по­ка­жу­ва де­ка 22 про­цен­ти од хе­те­ро­се­ксу­ал­ни­те мла­ди чув­ству­ва­ат пси­хо­со­мат­ски те­го­би, а та­ков проб­лем има­ат ду­ри 45 от­сто од де­вој­чи­ња­та на таа во­зраст.

– Ова мо­же­ме да го по­вр­зе­ме со емо­ци­и­те, за­што мно­гу че­сто се слу­чу­ва не ус­пе­вај­ќи и не зна­еј­ќи да се спра­ву­ва­ме со емо­ци­и­те, пси­ха­та и те­ло­то та­ка да функ­ци­о­ни­ра­ат, се раз­ви­ва­ат пси­хо­со­мат­ски те­го­би. Гла­во­бол­ки, бол­ки во сто­ма­кот, алер­гии, те­шко­тии со кон­цен­тра­ци­ја, нап­на­тост и раз­драз­ли­вост. Ова мо­же да зна­чи де­ка мно­гу де­вој­чи­ња во ед­на не­де­ла по­ве­ќе­па­ти чув­ству­ва­ат ва­кви симп­то­ми – ре­че пси­хо­ло­гот.

Иста­та со­стој­ба, по­со­чи таа, е и со чув­ство­то на нер­во­за кое е при­сут­но кај око­лу 45 от­сто од де­вој­чи­ња­та и кај 27 от­сто од мом­чи­ња­та. По­при­зо­ва ги истак­на и те­шко­ти­и­те на уче­ни­ци­те со кон­цен­тра­ци­ја­та, би­деј­ќи сту­ди­ја­та по­ка­жа­ла де­ка нив ги има­ат 29 про­цен­ти од де­вој­чи­ња­та и 16 про­цен­ти од мом­чи­ња­та.

Пси­хо­ло­гот го истак­на и проб­ле­мот со де­пре­си­ја­та.

– Око­лу 24 от­сто од мом­чи­ња­та и 43 от­сто од де­вој­чи­ња­та има­ат де­пре­сив­но рас­по­ло­же­ние и су­и­цид­ни мис­ли. Зна­чи де­ка ова мо­же­ме да го тол­ку­ва­ме во на­со­ка на тоа де­ка све­ста и емо­ци­о­нал­ни­от жи­вот ге­не­рал­но, со ог­лед на со­стој­ба­та на мен­тал­но­то здрав­је кај мла­да­та по­пу­ла­ци­ја, се на мно­гу ни­ско ни­во во на­ша­та зем­ја – наг­ла­си По­при­зо­ва.

Ме­ѓу­тоа, кое е ре­ше­ни­е­то? Ка­ко што по­со­чи пси­хо­ло­гот од скоп­ско­то учи­ли­ште, трен­дот и во европ­ски и во свет­ски рам­ки е во на­со­ка на мла­ди­те да им се да­ва под­др­шка да се учат да ги раз­ви­ва­ат ве­шти­ни­те за тоа ка­ко да се спра­ву­ва­ат со сво­и­те емо­ции, за­тоа што ако не зна­ат ка­ко да се спра­ват со сво­ја­та та­га, ако не зна­ат на ко­го да се обра­тат, то­гаш таа та­га мо­же­би ќе пре­ми­не во де­пре­сив­но рас­по­ло­же­ние или ќе оди и во не­кои дру­ги по­се­ри­оз­ни пси­хич­ки проб­ле­ми.

МЛАДИТЕ РЕАГИРААТ ПОИНТЕНЗИВНО И ПОРАДИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Пси­хо­ло­гот од уште ед­но скоп­ско учи­ли­ште, СУГС „Ге­ор­ги Ди­ми­тров“, Свет­ла­на Ас­пров­ска-То­до­ро­виќ, пак, во дел од неј­зи­ни­от на­стап на јав­ни­от ди­ја­лог збо­ру­ва­ше и за тоа ка­ква е уло­га­та на со­ци­јал­ни­те мре­жи врз емо­ци­и­те кај мла­ди­те, по­со­чу­вај­ќи де­ка она што де­не­ска се гле­да ка­ко фе­но­мен е де­ка мла­ди­те ги до­жи­ву­ва­ат емо­ци­и­те мно­гу по­ин­тен­зив­но.

– Мла­ди­те ре­а­ги­ра­ат ин­тен­зив­но и ко­га емо­ци­ја­та ре­ал­но не­ма тол­ку го­ле­мо по­кри­тие за та­ква­та емо­ци­о­нал­на ре­ак­ци­ја. Дел од тоа, да ре­че­ме, го на­о­ѓам и по­ра­ди вли­ја­ни­е­то од со­ци­јал­ни­те мре­жи. За ед­но де­те да на­у­чи што е емо­ци­ја и ка­кви раз­лич­ни ви­до­ви емо­ции има тре­ба да ги кон­та­кти­ра ин­ди­ви­ду­и­те со емо­ци­и­те, а она што на­ши­те де­ца најм­но­гу го пра­ват е сле­де­ње на со­ци­јал­ни­те мре­жи, што прет­ста­ву­ва фа­те­на емо­ци­ја во еден мо­мент. Нај­че­сто и „на­ме­сте­на“ емо­ци­ја во одре­ден мо­мент. За да има­ме раз­лич­ност на емо­ци­и­те ние мо­ра да на­пра­ви­ме ди­ре­ктен кон­такт. Емо­ци­о­нал­на­та свес­ност зна­чи де­ка ќе го пре­поз­на­е­ме и ко­га е сре­ќен и ко­га е по­мал­ку сре­ќен, и ко­га е та­жен, а не са­мо тоа од фо­то­гра­фи­ја­та ко­ја­што ја гле­да­ме на про­фи­лот – образ­ло­жи Ас­пров­ска-То­до­ро­виќ.

И таа ја истак­на по­тре­ба­та де­ка тре­ба да ги по­мог­нат уче­ни­ци­те ка­ко да се спра­ват со емо­ци­и­те, ка­ко да ги пре­поз­на­ва­ат, а по­тоа и ка­ко да ги кон­тро­ли­ра­ат од­нос­но да ги прис­по­со­бат и да ги по­ка­жат онол­ку кол­ку што доз­во­лу­ва одре­де­на си­ту­а­ци­ја.

По­крај пси­хо­ло­зи и про­фе­со­ри, во јав­ни­от ди­ја­лог збо­ру­ваа и уче­ни­ци­те за нив­ни­те стра­во­ви и стре­со­ви, но и за тоа што мо­же да се про­ме­ни. До­ра Сми­лев­ска, уче­нич­ка во тре­та го­ди­на во СУГС „Ге­ор­ги Ди­ми­тров“, ја истак­на важ­но­ста на клас­ни­от час и де­ка тој тре­ба да се ко­ри­сти за про­ду­ктив­ни актив­но­сти и раз­го­во­ри, а не са­мо за пи­шу­ва­ње изо­ста­но­ци. Таа пред­ло­жи де­ка за емо­ци­о­нал­но со­зре­ва­ње мо­же­би тре­ба да се во­ве­дат и но­ви актив­но­сти ка­ко што се уче­ње на ме­ди­ја­торс­тво и уче­ње на тех­ни­ки за за­поз­на­ва­ње.

За оце­ну­ва­ње­то и ка­кви емо­ции бу­ди тоа кај уче­ни­ци­те, пак, збо­ру­ва­ше Леа Дој­чи­нов­ска, уче­нич­ка во че­твр­та го­ди­на во СУГС „Ор­це Ни­ко­лов“.

Што е тол­ку за­стра­шу­вач­ко кај оце­ну­ва­ње­то? Оце­ну­ва­ње­то е нај­го­лем из­вор на стрес и ан­кси­оз­ност кај уче­ни­ци­те де­нес. По де­фи­ни­ци­ја, низ про­це­сот на оце­ну­ва­ње на уче­ни­ци­те тре­ба да им се овоз­мо­жи да учат и да го по­ка­жат сво­е­то зна­е­ње, ве­шти­ни­те и ста­во­ви­те, а оцен­ки­те да да­дат по­врат­на ин­фор­ма­ци­ја ка­ко уче­ни­кот мо­же да на­пре­ду­ва. До­пол­ни­тел­но, сред­но­то учи­ли­ште би тре­ба­ло да нè из­гра­ди во емо­тив­но ста­бил­ни и обра­зо­ва­ни лич­но­сти и да нè под­го­тви за по­на­та­мош­но, по­ви­со­ко обра­зо­ва­ние. Но за жал, на­ши­от обра­зо­вен си­стем не ни го овоз­мо­жу­ва ова во це­лост. Ни ну­ди мно­гу нес­па­ни но­ќи, за­тво­ре­ност во че­ти­ри ѕи­да и стрес пред и по оце­ну­ва­ње­то. И во овој 21 век, до­де­ка во учи­ли­шта­та низ све­тот по­сто­јат ча­со­ви на кои уче­ни­ци­те учат за ве­шти­ни ка­ко да се спра­ват со стре­сот и при­ти­со­кот, кај нас се­то тоа сè уште е та­бу-те­ма – ре­че Дој­чи­нов­ска во дел од неј­зи­но­то из­ла­га­ње.

Овој ја­вен ди­ја­лог на кој збо­ру­ваа уче­ни­ци, про­фе­со­ри, пси­хо­ло­зи и си­те за­сег­на­ти стра­ни бе­ше за­вр­шен на­стан на про­е­ктот „Раз­ви­ва­ње на емо­ци­о­нал­на­та ком­пе­тент­ност“, кој е под­др­жан од бу­џе­тот на Град Скоп­је, пре­ку Про­гра­ма­та за актив­но­сти­те во об­ла­ста на обра­зо­ва­ни­е­то на Град Скоп­је за 2019 го­ди­на.