d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Младите може да се ослободат и спознаат само преку дружење

Од 23 до 28 април годинава, се одржа вториот „Конект фестивалот“, настан на кој имаше многу дружење, свирка, како и натпревари во скејтање и гејминг меѓу скопските средношколци. Иницијативата за фестивалот потекнува од група ученици од гимназиите, „Георги Димитров“, Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“,, „Никола Карев“ и „Раде Јовчевски – Корчагин“, но и од поранешни ученици во овие средни училишта.

Kade bevme Konekt festival3Стимулирање на соживотот меѓу учениците, себеспознавање, меѓусебно разбирање, развивање на свеста, е главната цел на настанот, бидејќи како што сметаат организаторите, тој соживот е запоставен. Преку вакви настани, всушност, младите полесно ќе се интергрираат во општеството и ќе се сретнат со различни карактери со разновидни мислења.

„Конект фестивалот“, како настан за откривање на заеднички интереси, е еден вид тунел кон надворешниот свет, тунел кон новооткриена средина.  Планот на организаторите е„Конект Фестивал“ да стане обележје на младата популација во Македонија.

Првиот ден од фестивалот започна во „Јосип Броз Тито“ со скејтање, вториот ден продолжи во „Орце Николов“ каде се одржа креативно катче „Doodle art“. Учесниците имаа можност со акварелни бои да ги декорираат старите патики и велосипеди. Во „Раде Јовчевски Корчагин“ учесници беа познати лица во улога на говорници, во „Георги Димитров“ се играа друштвени игри,а последниот ден во „Никола Карев“ имаше настан „Рандеву“ каде учесниците имаа можност да зборуваат на одредена тема 10 минути пред да сменат партнер за зборување. Настанот го затвори музички дел во парк кај познатата „школка“.