Активирај се | Создадено од вас |

Младите треба да градат толерантни општества

feat-img

Средношколките Невена Кимова од „Никола Карев“ Скопје и Тамара Тодевска од „Кочо Рацин“ од Свети Николе беа најмладите учеснички на еднонеделната обука што на почетокот на ноември ја организираше Волонтерскиот центар Скопје во рамки Еразмус проектот „Медиумска писменост: чекор кон инклузивно општество“.

Kade bevme Inkluzivno opstestvo 330x200На обуката учествуваа 29 претставници од осум земји (Македонија, Данска , Бугарија, Грција, Летонија, Шпанија, Словачка и Италија) со цел преку дискусија и употреба на новите медиумите да се постигне поголема толеранција кон културните различности во Европа, но и да се развие критички однос кон медиумските содржини.

Учесниците, чии професии беа новинарство, социјална и младинска работа, ги пренесоа искуствата од своите средини и дискутираа за моќта на медиумите во создавање или искривување на реалноста како последица на силното влијание што мигрантската криза го има врз европските држави. Преку обуката ќе се придонесе за функционирање на мултиетничките општества во Европа, како и зголемување и подобрување на квалитетот за активностите поврзани со мигрантите и нивна инклузија во општеството.

Обуката во Струга следи по октомвриската конференција за медиумска писменост што Еразмус партнерите во овој проект ја организираа во Архус, Данска.