Можеш ли да не видиш ваков пешачки премин?
Средношколците од битолското училиште „Таки Даскало“ од градежно-геодетската струка, градежни и архитектонски техничари, заедно со нивните професори учествуваа во Европската недела на мобилност и пешачките премини кај Широк сокак ги направија поатрактивни од кога било. Тоа го направија со помош на локалниот уметнички колектив „Хибрид мајндс кру“, а целта им беше да направат безбеден дизајнерски пешачки премин кој ќе биде видлив за возачите, а визуелно привлечен за пешаците. Европската недела на мобилност се одржува секоја година во септември и се одбележува во повеќе од 2.000 града низ Европа. Годинава мотото беше „Пешачи со нас“ и во фокусот беа безбедното пешачење и возење велосипед, а младите битолчани беа само дел од многубројните учесници и активисти од низа градови во Македонија.
Европската недела на мобилност првпат беше иницирана во Франција во 1998 година, а кај нас официјалното одбележување започна во 2001 година.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.