Активирај се | Создадено од вас |

„Музиката ни помага да го кажеме она што ни лежи на душа“

Ако ги прашате средношколците во скопската гимназија „Никола Карев“ дали им е познат бендот под име „Хана“, нема да пронајдете ученик од кого ќе добиете негативен одговор. Станува збор за музичка група во која настапуваат седумина тинејџери, сите ученици во ова школо. Својата слава меѓу младите тие успеаа да ја стекнат преку низа настапи на настани организирани токму од средношколците.

Сара Ташкоска и Бисера Атанасова (вокали), Анастасија Крстевска (тапани), Давид Стојкоски (клавијатура), Лазар Трајковски Џеф (бас гитара) и Андреј Манев и Андреј Рафајловски(гитара) се дечките од „Хана“.Салата за проба во „Никола Карев“ е „местото на злосторот“ кое ги поврзало. Заедно се веќе една година, слушаат различни жанрови на музика, но сепак ако ги прашање кои се песните кои ги спојуваат во една глас ќе ви одговорат: „Оние од Red Hot Chili Peppers“.

За овој број на „Медиум“ разговаравме со членовите на бендот, а тие со нас ја споделија нивната приказна, искуството, емоциите и плановите.

„Медиум“: Колку време постои вашиот бенд и како почнавте на функционирате?

„Хана“: Сите почнавме да свириме во прва година, но во различни формации ,бидејќи не сме иста генерација, а како бенд постоиме една година.

„Медиум“: Дали се знаевте претходно или музиката ве здружи?

„Хана“: Не поврза пробувалната во Карев, таму почна сѐ.

„Медиум“: Какво беше чувството кога првпат настапувавте? Имате ли и денес треба пред настап и како ја надминувате?

„Хана“: Секако дека на првиот настап имавме позитивна трема, но сепак тоа чувство исчезна бидејќи таму на сцената никогаш не си сам. Реакциите на публиката беа одлични, па според тоа можеме да кажеме дека тие пријатно нѐ прифатија. Што е однесува до тремата, не ја гледаме како некое лошо чувство, туку напротив излегуваме со неа на сцена и оставаме да нe понесат емоциите.

„Медиум“: Од кои групи најмногу сакате да преработувате песни и кои нумери се застапени на вашиот репертоар?

„Хана“: Обработката на нумерите на Pink Floyd кои ги изведовме на настанот Свирложба во „Никола Карев“ беше од големо значење за нас и на секој му помогнаа да си го каже она што лежи длабоко во него. Исто така имаме прекрасно искуство при обработка на песни од бендот Musе. Воедно на нашиот репертоар може да се сретнат и нумери од Pink Floyd,Muse,RHCP…

„Медиум“: Кој ви е музички идол или инспирација што ве поттикнал да се занимавате со музика?

„Хана“: Сите слушаме различен жанр на музика ,но еден бенд не поврзува сите, иако го доживуваме на различен начин.Тоа е бендот Red Hot Chili Peppers.

„Медиум“: Дали свирите авторска музика или повеќе свирите преработки?

„Хана“: Паралелно со преработките кои ги спремаме за свирките правиме и авторска музика која ја вметнуваме во нашите “џем сешни”.

„Медиум“: Што правите во слободна време кога не свирите, се дружите ли приватно?

„Хана“: Секогаш после проба знаеме да седнеме и да разговараме на различни теми, но сепак, ќе потенцираме дека вистинската дружба ни се случува за време на викендите.

„Медиум“: Дали мислите дека во рамките на образованието треба да има повеќе вакви слободни активности кои ќе ѓи поврзуваат младите?

„Хана“: Апсолутно. Познаваме голем број на средношколци-музичари кои немаат можност да учествуваат на вакви активности и тоа треба што поскоро да се смени.

„Медиум“: Каде најчесто настапувате?

„Хана“: Најчесто настапуваме во „Карев“, таму се чувствуваме како дома.

„Медиум“: Со што сте ангажирани во моментов и дали имате некои планови за во иднина?

„Хана“: Праввевме кратка пауза поради периодот на тестови,но ќе почнеме со свирки што е можно побрзо. Нѐ чекаат доста настапи во иднина за кои што ќе дадеме се од себе и се надеваме дека ќе поминат добро.

Автор: Теодора Миловановиќ, матурантка во „Никола Карев“, Скопје