d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Настава во време на пандемија

Со тоа што корона-вирусот COVID-19 официјално е прогласен за пандемија од Светската здравствена организација (СЗО), огромен дел од општествените дејности се во застој, без можност за продолжување на обврските, а образованието не е исклучок.

Учениците од основните и средните училиште, како и од високото образование се под изолација, која сѐ уште трае. Досега Министерството за образование и наука препорача неколку алатки, апликации и страници со кои учениците од основното образование ќе си го исполнат времето и наставниот план. За средношколците поддршката стигна подоцна, но училиштата самоиницијативно се адаптираа наоѓајќи начини да продолжат со часовите во онлајн просторот. Таков пример е СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ – Скопје, каде учењето од далечина почна да се одвива само неколку дена по прекинот на наставата.

„Медиум“ разговораше со директорот на СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ – Скопје, Александар Канурков за новиот предидзвик.

МЕДИУМ: На кој начин СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ ја одржува наставата?

А.К: Професорите во соработка со учениците ја одржуваат наставата на платформата Google Classroom, која овозможува скоро идентично искуство за предавање на предмети како во формалната настава. Платформата работи на тој начин што учениците се најавуваат со своите Gmail адреси и се распоредуваат по класови. Професорите имаат пристап до имињата на најавените ученици и имаат можност да ги организираат активностите согласно класовите. Во нашето училиште има 56 класа, по 14 во секоја година, што е голем број на ученици. Затоа, нудиме опција да се направат и помали групи со претседателите, потпретседателите на класови и предметните професори каде професорите ќе можат да испраќаат пакет на лекции до одговорните ученици, а тие подоцна ќе можат да ги препраќаат до своите соученици преку групи на социјалните мрежи. Ова овозможува учениците користејќи ја модерната технологија да се здобијат со сите потребни информации од предметите кои ги пропуштаат со тоа што се дома. Во моментов работиме и на тоа учениците да добијат известувања за пакетот на лекции и се трудиме тие да ги споделуваат професорите секој ден по 12 часот.

Nastava vo vreme na pandemija 2

МЕДИУМ: Како дојдовте до идејата за онлајн настава?

А.К: Размислувајќи како можат учениците квалитетно да го исполнат своето време, да се постојано во тек со наставата и да не пропуштаат часови, погледнав видео на платформата за видеа YouTube каде беше претставена платформата за учење Google Classroom, и оттаму ја предложив на наставничкиот колегиум кои со задоволство ја прифатија идејата. Google Classroom овозможува проверка на знаењата, што мислам ќе претставува дополнителен мотив за учениците да ги совладаат знаењата. Се разбира, наставата ќе ја адаптираме во согласност со насоките од Владата.

МЕДИУМ: Зошто мислите дека е важно да се продолжи со наставата?

А.К: Затоа што учениците квалитетно и корисно ќе го исполнат своето време, постојано ќе бидат информирани во врска со настава, ќе бидат во контакт со професорите кои стојат на располагање за помош и прашања и секако ќе ги следат мерките и препораките објаснети од Владата. ова не е реална настава но убаво е да се искористи можноста учениците да се здобијат со знаење и на овој начин.

Стефан Митиќ