Низ ходниците |

Натпревар за едноминутно видео

feat-img

За сите кои би сакале да се соочат со предизвикот да создадат едноминутно видео со своја интерпретација на Шекспир, Делегацијата на ЕУ и Британскиот совет го објавуваат видео натпреварот “Шекспир@1минутно видео”, по повод неговиот 450-ти роденден.

Видеото може да биде инспирирано од самиот Шекспир, од негов акт, сцена, цела драма или тема што претставува комбинација од повеќе драми. Може да создадете класична или модерна видео интерпретација на шекспировото дело, живот или оставштина во времетраење од 1 минута. На натпреварот може да се пријават сите граѓани, без ограничување на возраста.

Комисијата ќе избере 3 најдобри видеа и ќе додели прва, втора и трета награда. Наградите се:

o    Прва награда – еден таблет компјутер и комплетните дела на Шекспир во превод на Драги Михајловски
o    Втора награда – комплетните дела на Шекспир во превод на Драги Михајловски
o    Трета награда – пакет промотивни материјали на ЕУ

Рокот за пријавување е 21 мај.

Повеќе детали за натпреварот тука.