Натпревар за најдобар постер
Проект Poster for Tomorrow е иницијатива што го промовира графичкиот дизајн како алатка за социјална промена во општеството. Секоја година овој проект зема конкретно човеково право како тема на натпреварот. Овогодишните постери треба да се борат за секој да има право на соодветна работа и поради тоа се дел од тематиката „Work Right“.
Најдобрите десет постери ќе бидат изложени во најпознатите галерии и музеи ширум светот на 10 декември, Интернационалниот ден на човековите права. Отворена е и шанса за посебни признанија од страна на спонзори и поддржувачи.
Натпреварот е отворен и за млади аматери. Рокот за доставување на постерите е 10 јули. Сè што треба да направите е вашиот креиран постер да го прикачите на вебстраната www.posterfortomorrow.org.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.