Нов пливачки рекорд на Миа Крстевска
Средношколката Миа Крстевскa (17) од пливачкиот ватерополо клуб „Орион“ постави нов апсолутен пливачки рекорд на Македонија, во дисциплината 1.500 метри слободно пливање. Стариот рекорд беше на Симона Маринова, 17:56:51, додека новиот рекорд на Крстевска е со време од 17:45:25.
Крстевска, која со пливање се занимава десетина години, е добитник на повеќе од 100 медали и дипломи, беше прогласена за најдобар пливач во женска категорија на државните првенства во Македонија, победник е на Македонскиот куп во далечинско пливање (пет километри) на три езера, како и апсолутен победник на неколку домашни и меѓународни натпревари.