d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
site-polinja1

Одлични се во економија и право, а успешни на сите полиња

Економијата и правото се навистина интересени области за изучување. Ќе се уверите во тоа особено ако дојдете во скопското економско-правно училиште „Арсени Јовков“. А, можеби и дополнително ќе се заинтересирате за „Арсени Јовков“, ако дознаете за фактот дека ова е првото стручно и единствено училиште во Македонија што учествува во меѓународен проект за претставување на креативноста на учениците преку размена со ученици во странство и работа во интернационални тимови. Проектот насловен како Маркетинг иницијатива на ученици за професионална орентација и прогрес (МИСПОП) го раководи професорот Зоран Златковски.

-Проектот МИСПОП е извонредна прилика да се претстават можностите и креативноста на учениците. Тој нуди нова димензија на современ начин и пристап на работа, така што покрај обработката на материјалот што се совладува на редовните часови, вклучува и други активности, медиуми и електронски алатки, преку кои учениците можат да ги преставуваат стекнатите знаења – изјави координаторот на проектот, професорот Златковски.

Покрај тоа што ова училиште е стручно и насочено кон нудење на знаења од областа на економијата и правото, „Арсени Јовков“ има посебен однос кон македонскиот јазик. Веќе четврта година по ред, „Арсени Јовков“ ја организира претставата „Твориме, создаваме и зборуваме на македонски јазик“, на која учениците од театарската дружина изведуваа драматизации на македонскиот јазик во македонската поезија, музика, народна литература и слично.

Мартина Павличкова е матурантка во ова училиште. Таа за „Медиум“ зборуваше каков впечаток ѝ оставило училиштето за времето што го поминала во него.

site-polinja-Јас поминав четири години во „Арсени Јовков“ и можам да ви кажам дека сум учествувала во разни секции и активности. Професорите се тука за сè што ни треба, без разлика дали имаме потреба од нив пред или после часови, или пак, за време на одмор, постојано можеме да сметаме на нив- вели Павличкова.

Ова економско-право училиште е активно на многу полиња. Во прилог на ова, говори и тоа дека спортските тимови што го претставуваат училиштето редовно бележат успеси, а вреди да се спомне и дека „Арсени Јовков“ е репрезент на тоа како треба да се сплотат разните националности. Во ова училиште учат ученици од разни етникуми, а нивната кохезија се гради преку многубројните проекти на училиштето за меѓуетничка интеграција.

СЕПУГС „Арсени Јовков“ има долгогодишна историја и е основано во далечната 1965 година. Токму годинава, навршија педесет години постоење на ова средно училиште. По тој повод, училиштето издаде монографија.

Репортер: Мартин Манасков,
студент на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста