Активирај се | Создадено од вас |

„Орце“ со највисок просек, а тетовското „Гоце Стојчески“ со најнизок

Министерството за образование и наука ги сумираше просечните оценки во сите средни училишта во земјава за ланската учебна 2016/2017 година. Според оваа листа на министерството, најдобар просек на оценки има скопската гимназија „Орце Николов“ со 4.18. Следуваат „Р. Ј. Корчагин“ со 3.98, „Никола Карев“ со 3.74, „Георги Димитров“ 3,68. Гимназијата е петта по успехот според оценките со просек од 3,4. Најнизок просек меѓу скопските училишта имаат СУГС „8 Септември“ со 2,17 и „Лазар Танев“ со 2,37.

Општина

Училиште

Сума

Бр. на оцени

Просек

Град Скопје

СУГС,,Раде Јовчевски Корчагин,, Скопје 235682 59216 3,98
Град Скопје СУГС,,Никола Карев,, Скопје 235194 62823 3,744
Град Скопје СУГС,,Зеф Љуш Марку,, Скопје 229455 79446 2,888
Град Скопје СУГСГим.,,Јосип Броз Тито,, Скопје 223515 65396 3,418
Град Скопје СУГСГим.,,Орце Николов,, Скопје 258424 61796 4,182
Град Скопје СУГС,,Панче Арсовски,, Скопје 78195 24570 3,183
Град Скопје СУГС,,Георги Димитров,, Скопје 259428 70421 3,684
Град Скопје СЕПУГС,,Васил Антевски Дрен,, Скопје 291312 90161 3,231
Град Скопје СУГС,,Цветан Димов,, Скопје 122050 47111 2,591
Град Скопје СУГС,,Лазар Танев,, Скопје 62502 26342 2,373
Град Скопје СЕТУГС,,Михајло Пупин,, Скопје 82396 29466 2,796
Град Скопје ДСУЛУД,,Лазар Личеноски,, Скопје 46079 12383 3,721
Град Скопје СМУГС,,Д-р Панче Караѓозов,, Скопје 394113 109952 3,584
Град Скопје СЕПУГС,,Арсени Јовков,, Скопје 122457 43940 2,787
Град Скопје СУГС,,8 Септември,, Скопје 21323 9805 2,175
Град Скопје АСУЦ,, Боро Петрушевски,,на ГС Скопје 98503 39264 2,509
Град Скопје ДМБУЦ,,Илија Николовски Луј,, Скопје 97596 25041 3,897
Град Скопје СУГС “ШАИП ЈУСУФ” – Скопје 23281 8979

2,593

Просек

  3686867 1140503

3,233

На општинско ниво највисоки оценки во гевгелиската гимназија „Јосиф Јосифовски“ со просек 3,65, па „Ванчо Прке“ од Виница со 3,52. Секако, има општински училишта со повисок просек, но бидејќи во таа општина има и други училишта, просекот опаѓа. Така е на пример со битолската гимназија „Ј. Б. Тито“, кумановската “Гоце Делчев“, охридската “Св. Климент Охридски“ и сл.

Општина

Училиште Сума Бр. на оцени

Просек

Битола

СОУГим.,,Јосип Броз Тито,, Битола 162304 41161 3,943
Битола СОТУ,,Ѓорѓи  Наумов,, Битола 93182 34499 2,701
Битола СОУ,,Таки Даскало,, Битола 91056 32128 2,834
Битола СОЕУ,,Јане Сандански,, Битола 100362 27852 3,603
Битола СОЗУ,,Кузман Шапкарев,, 19760 6341 3,116
Битола ОСМУ,,Д-р Јован Калаузи,, Битола 182649 51364 3,556
Битола Државно музичко училиште Битола 31498 8822

3,57

Просек

  680811 202167

3,368

Општина

Училиште Сума Бр. на оцени

Просек

Куманово

СОУГим,,Гоце Делчев,, Куманово 240298 61595 3,901
Куманово ССОУ,,Киро Бурназ,, Куманово 68594 26916 2,548
Куманово СОУ,,Перо Наков,, Куманово 147688 49224 3
Куманово СТУ,,Наце Буѓони,, Куманово 283633 96447 2,941
Куманово СОУГим.,,Сами Фрашери,, Куманово 182170 54981 3,313
Просек   922383 289163

3,19

Општина

Училиште Сума Бр. на оцени

Просек

Охрид

ОСУ,,Св.Климент Охридски,, Охрид 182327 46455 3,925
Охрид ОЕМУЦ,,Св. Наум Охридски,, Охрид 87917 32401 2,713
Охрид ОУТУ,,Ванчо Питошески,, Охрид 37324 12340 3,025
Охрид СОСУ Св. Кирил и Методиј Охрид 85881 26212 3,276
Просек   393449 117408 3,351
Општина Училиште Сума Бр. на оцени Просек
Тетово СОМ,,Никола Штејн,, Тетово 248774 86805 2,866
Тетово ОСЕУ,,8 Септември,, Тетово 156558 60798 2,575
Тетово СОТУ,,Ѓоце Стојчески,, Тетово 84193 40164 2,096
Тетово СОУГим.,,Кирил Пејчиновиќ,, Тетово 184146 56097 3,283
Тетово СОСУ,,Моша Пијаде,, Тетово 99112 43972 2,254
Тетово ДМУ,,Тодор Скаловски -Тетоец,, Тетово 31341 8554 3,664
Тетово СОУ Гимназија “7 Марси” 78354 35403 2,213
Просек   882478 331793

2,66

Министерството го пресметува овој просек според оценките во Е-дневник: се собираат сите оценки од секој ученик до прва до четврта година, за секоја паралелка, за секое училиште и се сумира за сите општини. Како недостаток на оваа методологија е што во просекот на училиштата влегуваат и тригодишните програми, најчесто стручните, така што автоматски се намалува сумата на оценки.

Од МОН велат дека оваа листа во иднина посериозно ќе се третира и доработува. Слично на праксата во повеќето европски земји, се планира рангирање на училиштата кое ќе биде јавно (на веб страницата на МОН) и ќе му послужи како параметар за успех и очекувања на идниот средношколец.

Очекувани и реални резултати

Од секторот за средно образование при МОН оваа листа е реален одраз на успехот во училиштата, но дека е далеку под очекувањата. Од министерството велат дека ако имаме ученици кои се запишуваат со сите петки добиени во основното образование, зошто тогаш нивниот успех опаѓа во средно? Досега во МОН нема детална анализа, но искуствено ова се должи на неколку причини. Првенствено е факторот пубертет и промена на средината, друштвото кои значително се одразуваат и на успехот, особено впечатливи во прва година. Но, исто така како причина е и различниот, релативно попопустлив  критериум за оценување во основните училишта за разлика од построгите колеги професори во средните.

Како до подобар успех?

Во МОН велат дека клучното решение е во навремено насочување на ученикот каде да го продолжи секундарното образование. – Битно е јакнењето на улогата на кариерните центри не само во средните, туку и во основните училишта. Неретко се случува ученик кој има афинитети за цртање, без разлика дали е за уметност или проектирање во градежништво, под притисок на семејството или општествените норми да се запише медицина или менаџмент. Тој ученик нема да биде мотивиран да го даде својот максимум. – велат во МОН.