По осми пат се одржа младинскиот „Гимфест“ во Прилеп
Во Домот на култура “Марко Цепенков” – Прилеп, по осми пат се одржа „Гимфест“. Многубројната публика уживаше слушајќи хитови од различен жанр и различен временски период, во духот на овогодинешната тема „Времеплов“.
Во четири музички блокови, настапија вкупно 17 солисти. На крајот од фестивалот, стручното жири првата награда ја додели на Анастазија Христоска, втората на Ангела Зероска, додека третата замина во рацете на Нина Коцеска.
Организацијата на фестивалот беше поддржана од в.д. директорот на гимназијата „Мирче Ацев“, Димче Настоски. А, во подготовките беше вклучена и Младинската заедница при средното училиште.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.