d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

По стапките на Св. Климент Охридски

Ученици од гимназијата „Георги Димитров“ од Скопје учеа за ликот и делото на Св. Климент Охридски. Но, учеа одејќи по неговите стапки: низ струшко и охридско. Напишаа патепис и снимија видео репортажа.

Автор: Надица Танева Јанева

Во рамките на манифестацијата „Одбележување на значајни настани и личности од областа на образованието“ со поддршка на Град Скопје, Сектор за образование, СУГС „Георги Димитров“ – Скопје учествуваше со реалиаација на проектот насловен „По стапките на Св. Климент Охридски“.

Целта на овој проект е учениците на непосреден начин да го проучат ликот и делото на Свети Климент Охридски, еден во низата просветители кои оставија неизбришлива трага во просветителската дејност на овие простори. Да се научи нешто повеќе од учебниците, интернетот, лексиконот или енциклопедијата е вистински предизвик за современиот ученик. По стапките на Свети Климент Охридски значи на лице место да се почувствува природата, црквата, манастирот, езерото, воздухот… опкружувањето кое не врати неколку века наназад .

Нашето истражување започна со истражување за ликот и делото на големиот просветител на 14 члената група ученици од изворите на податоци кои им се секојдневно достапни. Веќе навлезени во деталите за неговиот лик и дело се упативме по стапките…

Прва дестинација МПЦ Свети Климент Охридски во селото Горна Белица, Струшко и неповторливата можност да се види, допре и почувствува се што претходно само се прочитало. Видовме каде и како Свети Климент Охридски ја вршел својата мисија, го почувствувавме мирот во кој творел и создавал ненадминливи дела и непроценливи вредности. Следна дестинација Св. Пантелејмон, Охридско. Надополнување на сите сетила со нови информации и знаења. Прибираме материјали да создадеме дело достојно за спомен на големиот просветител.

Се враќаме полни со впечатоци. Еден ден поголем од сите обични, вообичаени. Еден ден кој не исполни и поттикна на нови знаења.

Средување на впечатоците, знаењата, материјалите, емоциите. Направивме фотографии, изложба, видео. Со единствена цел да ви пренесеме дел од она што го видовме и научивме за да остане сочувано од заборавот… Ние се потрудивме да биде незаборав.