Низ ходниците |

Поетско читање во гимназијата „Орце Николов“

feat-img

Преку рецитирање на песните на ирскиот поет Вилијам Батлер Јеитс и русинот Сергеј Есенин, средношколците од СУГС „Орце Николов“, во рамки на вечерен поетски перформанс, се запознаа со поезијата на истокот и западот.

Иницијатор на настанот беше гимназискиот професор по македонски јазик и литература, Душко Стојановски, а двигатели на целиот перформанс-Виктор Јовановски и Никола Стојановски, дипломирани компаративисти.

Двајцата ги рецитираа стиховите оригинал, додека учениците се погрижија за препевот.

Јовановски го претставил делото на Јеитс, а Стојановски на Есенин, по што следуваше анализа на нивната поезија.

Присутна публика не беа само учениците од јазично-уметничкиот смер, туку и од општествените и математичките смерови.

Професорот Стојановски, истакна дека Есенин и Јеитс, за жал едвај се споменати во училишните програми.

Автор: Јоана Тренеска, четврта година, СУГС „Орце Николов“-Скопје