Низ ходниците |

Поинакви три дена во „Карев“

feat-img

Во скопската гимназија „Никола Карев“ од 7-9 март по втор пат се одржа фестивалот на млади уметници „Три дена култура“, на кој младите автори слободно ги покажаа нивните идеи и размислувања за уметноста.

Годинава Каравци во рамки на фестивалот беа домаќини на нивните врсници од Белградската прва гимназија со кои заедно три вечери по ред имаа можност да видат и слушнат нешто поинакво, нешто надвор нивните секојдневни обврси.

Сцената ја припремија учениците под менторство на нивните професори, како се друго што беше потребно за да се покажат како добри домаќини.

На првиот фестивалски ден имаше проекција на филмови снимени од средношколци и студенти до 21 година. По проекциите имаше дискусија со гости на фестивалот, а на крајот симболично беше прогласен и најдобриот филм избран по пат на тајно гласање. Вториот ден, пак, помина со кратки театарски претстави преку кои авторите на најсуптилен начин ги претставија своите нови режисерски, сценариски, сценографски, актерски и други решенија за нов, современ театар и нова уметност.

Дигитална изложба (Photo Slideshow) на средношколски автори, пак, беше прикажана на последниот фестивалски ден. Се изложија фотографии, цртежи, графики, дигитални цртежи, 3Д и др. ликовни дела.