d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
pretpriemacka-poseta-prilep

Претприемничка посета на Прилеп

Средношколци од скопското училиште „Георги Димитров“ се запознаа со претприемничкиот процес при производството на тутун и пиво при посетата на Музејот и инстититот во Прилеп и Прилепската пиварница.

Во Музејот и институтот за тутун, учениците ги посетија лабораториите каде што се вршат истражувањата за можностите за примена на квалитетниот македонски тутун во фармаколошката индустрија. Тие се запознаа со вредни тутунски експонати и увидоа дека со соодветно брендирање и правилна употреба, тутунот може многу да придонесе за економскиот развој на прилепскиот регион.

Во Прилепската пиварница учениците го набљудуваа целосниот производен процес на пивото – од јачмен, хмељ, квасец и вода до дизајнирани шишиња. Тие разговараа и за претприемничкиот потенцијал на фабриката која постојано го развива производствениот процес и бизнисот.

Посетата се реализираше во рамки на предметот Бизнис и претприемништво.

Ана Јанева, ученичка во СУГС „Георги Димитров“