Низ ходниците |

Програмери освоија сребро и бронза на Олимпијада по информатика во Јапонија

Со еден средбрен и еден бронзен медал, македонскиот тим средношколци се вратија од 30-тата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2018), која од 1 до 8 септември се одржува во Цукуба, Јапонија.

Сребрениот медал го освои Владимир Максимовски, додека бронзениот Андреј Величковски. Од Македонија на олимпијадата учествуваа уште двајца средношколци, Мартин Динев и Филип Михов, а сите четворица беа предводени од лидерите Весна Димитриевска и Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Од Здружението на информатичарите на Македонија велат дека она што го прави овогодинешното учество едно од најуспешните е што среброто на Максимовски е втор ваков медал во историјата на македонски учества на оваа олимпијада.

На ИОИ 2018 учествуваат вкупно 335 ученици од 87 земји од целиот свет.