d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
All-Bar-None-sessions

Самит за млади во Даблин

Доколку оваа учебна година матурирате и барате интересен настан за патување на есен тогаш самитот на иницијативата All Bar None е вистинската шанса за вас. Овогодишниот самит ќе се одржи во Даблин- Ирска од 15 до 19 октомври.

Самитот на All Bar None е вториот најпосетен младински настан во светот, веднаш зад Олимписките игри. Минатата година на самитот учествувале млади луѓе од 190 различни земји. Самитот е совршена средина за понатамошен професионален развој на младите луѓе.

Младите од Македонија на возраст од 18 до 30 години се квалификувани да аплицираат за спонзорство што овозможува присуство на овој голем настан. Спонзорството од 2.750 фунти  предвидува:

  • Учество на самитот на All Bar None
  • Хотелско сместување во Даблин
  • Доручек, ручек и вечера во текот на целиот самит
  • Транспорт од хотелот до местото на одржување на сесиите
  • Материјали за работа на самитот
  • Повратна авионска карта до Даблин

Рокот за аплицирање е отворен до 19 мај. Повеќе инфорамции на следниот линк.