Низ ходниците |

Се смееме кога ќе не’ прашаат дали сме сестри

feat-img

Три пара идентични близнаци, за прв пат минатата година, седнаа во ученичките клупи на гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, каде има вкупно 204 ученици.

se smeeme koga ke ne prasaat dali sme sestri

За разговор, беа расположени Ангела и Анита Србиновски, како и Теона и Тиана Вучеви.

Чувството да се има близнак, девојките го опишуваат како доста уникатно и забавно.

Анита вели- „Интересно е постојано да имаш еден вид огледало покрај себе кое ти е морална поддршка“.

se smeeme koga ke ne prasaat dali sme sestri 2И двата пара близнаци се чувствуваат блиски меѓусебно, а корените на таа меѓусебна поврзаност се наоѓаат во заедничките спомени од детството. Она на кое секогаш ќе се сеќаваат сестрите Србиновски се нивните патувања низ Америка, Канада и Европа, додека пак Вучеви ја избираат средбата со омилениот спортист- Милан Барош.

Четирите девојки раскажаа дека во новата средина, соучениците и наставниците, полека започнале да ги препознаваат по карактерните особини, но и по стилот на облекување. Кај професорите се јавува мала конфузија од типот- „која беше која“, но сепак некои мали лични црти ги „издаваат“.

se smeeme koga ke ne prasaat dali sme sestri 3Во врска со омилените и помалку омилените предмети, а и хобија, мислењата се разидуваат. Анита и Ангела Србиновски практикуваат да учат во пар, но велат дека немаат заедничко хоби, додека пак Тиана и Теона ја споделуваат својата страст за цртање и за спортот, но не практикуваат да учат заедно.

Во приватната сфера, близначките се многу блиски и отворени една со друга.

Секој има своја маана која малку ги нервира другите, па макар имал и сестрата близначка. Кога би можеле да променат едно нешто, Теона, кај сестра си би ја променила лошата навика за доцнење, додека пак Ангела би ја променила навиката на сестра си да се интересира премногу за учењето.

Она што е интересно е дека девојките со своите близначки имаат ист интерес за момчиња- и на Србиновски и на Вучеви, вкусот им е ист.

За крај, ги замоливме близначките да ни го кажат најчудното и најсмешното прашање кое некогаш им било поставено. „Дали сте сестри?“, беше нивниот одговор.