Активирај се | Создадено од вас |

Штипјани освоија прво место на „Гет ин д ринг“

feat-img

Петмина штипски средношколци, на меѓународниот натпревар „Get in the ring“ го освоија првото место со сопствена апликација и сега ќе се борат за милион евра во Брисел. На меѓународниот натпревар победија во конкуренција од 27 врвни старт-ап бизнис идеи.

Herojot od mojata ulica Maturanti get in the ringАпликацијата, која ја презентирале пред 12 потенцијални инвеститори, е маска за телефон, наменета за лицата со Рејнаудов синдром, поточно луѓе со слаба циркулација во рацете. Маската е таа која ќе ги загрева и лади рацете.

Средношколците објаснија дека апликацијата ја работеле месец и половина, а натпреварот на кој победиле бил за почетнички бизниси. Поради добрата апликација биле поместени на повисоко ниво и освоиле прво место во категоријата-електронско здравство.

Планот на младите штипјани е прво да најдат инвеститори за да произведат прототипи, со цел да осознаат дали и на каков одзив ќе наиде иновацијата кај публиката во Македонија.

Натпреварот во Брисел ќе се одржи во март следната година, а трошоците за авионски билети се покриени од гимназијата  „Славчо Стојменски“.