d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
snowboard-kid

„Снежниот“ крал на високите планини

И кога нема снег, средношколецот Марко Пајковски е на снежните патеки. Со неговата даска за скијање, тој е полетен и среќен, вистински „снежен“ крал на височините. Оддамна научил да стои на две нозе и со нив истовремено да лета. Иако има малку привилегии на слободно време, со посветеност и напорна работа, успехот и задоволството му се сигурни. Овој ученик во скопската гимназија „Орце Николов“ е државен првак во сноубординг и член на македонската репрезентација.

„Прекрасно е! Се спуштам по снег со брзина од преку 40 км/час. Супер чувство! Некогаш можеш да бидеш и побрз од ветерот, па често пати го губиш контактот меѓу даската и снегот. Со сноубродингот, повеќе си во воздух, отколку на копно. Адреналинот се зголемува, се впушташ во нова авантура, се чувствуваш како да си на врвот.“, раскажува Марко за чувството кога „полетува“ на даската.

Тој е член на сноуборд клубот „Полар” и со својот спортски избор, се обидува другите да ги научи дека спортот е неизбежен дел за оформување на здраво тело и на здрав дух. Инспирација да започне со овој интересен спорт му биле неговата сестра Ана, која исто така постигнувала големи резултати. Сѐ започнало пред осум години кога за прв пат застанал на даската за скијање заедно се неа. Оттогаш почнало неговото искачување по патеките на успехот.

snowboard1„Во овие осум години имам постигнато одлични резултати. На балканското првенство кое што се одржа во Копаоник, Србија освоив две втори места во категориите `слоуп стајл` и `голем скок`. Имам учествувано и на Ванс натрпеварот во Циламзе, Австрија, како и на државното првенство во Македонија на кое сум повеќекратен првак во неколку категории.“, вели Марко.

Него снегот не може да го изненади. Кога во Македонија нема услови за сноубординг, тој го наоѓа на глечерите во Австрија, кадешто одржува кондициони тренинзи. А и преку летото, кога нема снег, Марко се занимава со вејкбординг, што е алтернативен спорт на сноубордингот.

Автори: Александра Митева II 6, Емилија Радоешка II 6, Ангела Таневска II 6, СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје