Низ ходниците |

Сребрен медал за средношколката Тијана Јанковска на Олимпијада по германски јазик

feat-img

Со второ место и сребрен медал се закити средношколката Тијана Јанковска од скопската гимназија „Георги Димитров“ на годинешната Олимпијада по германски јазик која летово се одржа во Франкфурт, Германија.

Овој меѓународен натпревар кој го организираше германскиот институт „Гете“ се одржа од 2 до 16 август годинава, а во трката за медал учествуваа речиси сто ученици од 48 земји.

„На меѓународната Олимпијада освен  поголемо знаење, имав можност и за многу дружења со останатите учесници, како и претставување на сопствената држава“, вели Јанковска.

Средношколците на Олимпијадата знаењето и вештините ги истакнале преку подготовка на ѕиден весник, мини претстава и краток квиз. Јанковска додава дека креативноста, точната употреба и богатиот речник од германски зборови биле пресудни за комисијата да одлучи токму таа од Олимпијадата да понесе сребрен медал во Македонија.

Тијана Јанковска, СУГС Гимназија „Георги Димитров“