Активирај се | Создадено од вас |

Средношколци градеа мост меѓу различностите во Бугарија

Во рамки на проектот ,,Искуство – мост меѓу различностите”, кој се одржа во Мадан, Бугарија, активно учество земаа двајца средношколци од СОУ ,,Кочо Рацин”, Свети Николе. Тие беа единствените средношколски учесници од Македонија. Станува збор за Мери Додева и Бојан Николов, активисти во европската организација ,,Erasmus +”, организација која соработува со организацијата ,,Центар за Рурален развој” – Струга. Средношколците, како активисти, претходно стекнаа искуство во реализација на најразлични видови на проекти во врска со мигрантите, како и здрав живот и чиста околина.

Македонските учесници, заедно со млади од Турција, Шпанија и Бугарија, активно работеа два месеци за постигнување на целите на проектот во Бугарија-ширење на можности за социјализација на младите со специјални потреби. Сето тоа, преку дискусии, средби, дружења, како и презентации на теми поврзани со интеграцијата на младите со специјални потреби во општествениот живот и борбата со предрасудите и дискриминацијата кон нив.