Низ ходниците |

Средношколки од Гевгелија и од Штип наградени на конкурс за есеј

feat-img

Васка Ефтимова победи на конкурсот за есеи на тема „Св. Климент Охридски и моќта на словото“, што го објави Министерството за образование и наука (МОН).

Prva nagrada na konkurs Vaska6598Ефтимова е ученичка во четврта година во средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.

Второто место, пак, го освои средношколката Рената Панчова, исто така четврта година, но во штипското училиште „Славчо Стојменски“.

Како третопласирана заврши ученичката Мартина Пешова. Таа е деветто одделение во основното училиште „Стојан Бурчевски-Буридан“ во велешкото село Сујаклари.

На сите наградени, како што објави МОН, доделени им се пофалници и симболични награди.

Конкурсот беше распишан по повод одбележувањето на 1.100 години од смртта на Св. Климент Охридски, првиот словенски архиепископ, втемелувач на првиот словенски универзитет и просветител.