Активирај се | Создадено од вас |

Средношколци делеа топол чај на жителите на Ѓорче Петров

feat-img

Средношколците од скопското училиште „Кочо Рацин“ делеа топол чај во студените зимски денови на жителите во населбата Ѓорче Петров по повод училишниот патрон празник. Учениците ја реализираа уличната акција под мотото „Направи добро дело“, сакајќи да прикажат дека придонесуваат за доброто на заедницата и дека се поборници против девијантните појави кои кружат околу нив.

„Ваквата активност со вистинска форма на хуманост и добродушност. Хуманитарноста е човечка карактеристика, каде и најмалото внимание е голем чекор кон градење на подобро општество“, велат учениците од СУГС „Кочо Рацин“.

Хумантираната активност се организираше покрај низата активности кои се одржаа во склоп на училиштето, во кои учениците и овојпат покажаа конструктивност, желба за соработка и креативност.

Активноста се реализираше со поддршка на Здружението за младински активизам „Обединета младина“.