Низ ходниците |

Средношколци од Богданци освоија први места на Образовното рандеву

feat-img

Средношколци од училиштето „Богданци“ освоија први места во две категории на годинешното Образовно рандеву, што се одржа во Крушево.

Ученичката Марија Ичкова со своите квалитетни вокални способности беше прва во категоријата Најдобар соло изведувач. Средношколците Мартин Крлески и Ели Минева, пак, беа најдобри во категоријата Најдобра драмска претстава со „Љубовна приказна“ во режија на Кире Ѓоргиев. Актерите остварија контакт сo професорката по драмски уметности од Хрватска Ана Опачиќ, која беше дел од жирито, а ученичката Ели Минева имаше интервју на „Македонско радио“.

Средношколците од Богданци учествуваа и во други категории – јавно говорење, маркетинг план, фотографии, интервју за работа, најдобра поетска творба, пинг-понг, кошарка, а презентираа и парчиња облека на модната ревија. На настанот организиран од МАССУМ, средношколци од стручните училишта имаат можат да ги промовираат своите таленти и да добијат насоки како да ги усовршат.

Атанас Аврамов, IV-1, СОУ „Богданци“