Активирај се | Создадено од вас |

Средношколци промовираа поквалитетно функционирање на Скопје

feat-img

Ученици од скопското училиште „Георги Димитров“ ја одбележаа 70-годишнината од ослободувањето на Скопје со активности кои промовираат поквалитетно функционирање на градот.

На 13-ти ноември, средношколци собираа стара хартија во посебни контејнери, која потоа се рециклираше, и имаа презентација за управување со отпад, додека училиштето четири часа штедеше електрична енергија. Учениците поставија и изложба на ликовни творби на тема „Штеди енергија“ и висечка инсталација на тема „За почист град“.  На посебно пано во училиштето беа поставени нивни пораки за намалување на стакленичките гасови, заштита на околината и за рационално користење на струјата и водата. За да ја зголемат свеста на соучениците и да ги поттикнат кај нив здравите навики, средношколците изработија и делеа флаери во училиштето. Во тек е изработка на календар со цртежи на теми „Енергија“, „Рециклирањето како начин на заштеда на енергијата“ и „Алтернативни извори на енергија“.

Активности беа органзиирани во рамки на проектот „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

Бојана Јаневска, СУГС „Георги Димитров“