Активирај се | Создадено од вас |

Средношколците од „Арсениј Јовков“ добија европски сертификати

feat-img

Учениците на СЕПУГС „Арсени Јовков“ од Скопје во периодот 4 до 19 април годинава, во рамките на проектот ВЕТ Датабаза Администратор, од програмата Еразмус +, остварија успешна обука во рамки на Европската Рамка на Квалификации (European Qualification Framework). Станува збор за специјализираната тренинг институција „Синтеа“ за електронско администрирање на податоци од Лублин во Полска.

Учениците добија европски признати сертификати, кои претставуваат потврда за нивната подготвеност за остварување на специфични работни задачи од областа на бизнис администрацијата. Поточно, европското образование за добивање квалификации, станува достапно и за македонските средношколци.
(Даниел Митевски, СЕПУГС „Арсени Јовков“-Скопје)