Низ ходниците |

Средношколците од Демир Хисар промовираат хумани и креативни вредности

feat-img

Мултиетничко образование, тријазичен речник, промоција на хумани и креативни вредности се дел од бројните успеси на средношколците од училиштето „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар.

Средношколците активно се борат против предрасудите заедно со нивните врсници од кичевското училиште „Дрита“. Двете партнерски училишта веќе една година организираат заеднички дружења, игри, изложби и творби, како и посети на културни споменици од мултиетнички карактер. По повод патрониот празник, учениците под менторство на нивните професори издадоа и тријазичен англиско-македонски-албански речник. Средношколскиот клуб на млади, пак, редовно ги промовира хуманите вредности преку учество во акции на Црвениот крст од Демир Хисар.

Од оваа учебна година првпат е формирана фотографска секција, во која членуваат ученици кои активно се занимаваат со фотографирање и обработка на слики. Учениците го покажаа нивниот креативен потенцијал и на натпреварот „Треш фешн“. Тие креираа облека и модни додатоци од материјали кои се реупотребливи, за да ја подигнат свеста за значењето на природата и намалување на отпадот.

Пишуваше: Ана Ангелевска II-2
Фото: Антонио Сукловски IV-2