Активирај се | Создадено од вас |

Средношколците од „Георги Димитров“ во борба против ХИВ

feat-img

Средношколците од проектната активност по Биологија во скопското училиште „Георги Димитров“ го одбележаа Светскиот ден за борба против СИДА – први декември.

Учениците одржаа кратко едукативно повторување во секој клас за тоа како тинејџерите може да се заразат и да се заштитат од оваа смртоносна болест и превентивно им поделија презервативи на своите соученици. Во знак на солидарност со луѓето кои боледуваат од СИДА, учесниците во проектот им прикачија црвени ленти на директорот, професорите и учениците.

„Нашата цел беше да им укажеме на соучениците дека сидата како страшна и неизлечлива болест е многу блиску до нас и иако си ја претставуваме како нешто што сигурно нема нам да ни се случи, токму ниед околку не сме информирани или не ја практикуваме превенцијата, сме потенцијални идни заразени од ХИВ вирусот. Овој проект го сметам за успешен бидејќи учениците беа заинтересирани, внимателно следеа и постигнавме атмосфера во која се чувствуваше едуцираноста во врска со болеста и солидаризацијата со болните од СИДА“, изјави средношколката Ивана Стајковска, која учествуваше во проектот.

Активноста се организираше под раководство на професорката Ружица Момиќ.