Средношколи од „Зеф Љуш Марку“ учат право во младински клуб
Околу 15 членови на клубот „Учиме право“ во скопското училиште „Зеф Љуш Марку“ редовно се информираат за човековите права и слободи, демократијата и концептот на владеење на правото.
Клубот е дел од поголема мрежа во државата, па тие имаат можност да соработуваат и заеднички да учат за нивните демократски права со врсници од други градови. Предавањата се одржуваат на македонски и на албански јазик, а клубовите се организирани од Младинскиот образовен форум.
Ера Ајдарага, ученик во СУГС „Зеф Љуш Марку“