d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
tijana-milic

Средношколката Тијана Милиќ промовираше две книги

„Понекогаш повторно се враќам во моментите кога сум мало девојче кое верува во среќен крај. Добро, сепак во реалниот живот е потешко отколку во бајките, но ќе се потрудиме да има среќен крај, нели?“. Ова беше срдечното добредојде на средношколката од скопското училиште „Јосип Броз Тито“, Тијана Милиќ на промоцијата на нејзините две книги.

„Животот во моја кожа“ и „Само љубов“ се прозни творби на ученичката од трета година која освен талентот и дарбата, сподели и убави и емотивни моменти со присутните ученици, професори и родители. Промоцијхата беше организирана во рамки на настанот „Јас прочитав, прочитај и ти“, кој има за цел да ја зајакне врската родител-ученик-наставник.