Стрип на ученичка од Штип освои прво место
Средношколката Ивана Пенчова од Штип со нејзиниот стрип победи на 14-от интернационален стрип-салон „Велес 2016” во конкуренција на 70 други дела. Таа го освои првото место во категорија на натпреварувачи над 18 години.
Настанот се одржа од 14 до 16 октомври во Велес, а годинава беше збогатен и со дополнителниот настан „Скопска стрип-акција“, што еден ден потоа се одржа во детскиот културен центар „Карпош“ во главниот град. Српскиот стрип-артист Срѓан Николиќ-Пека, кој ја освои наградата „Златен стрип“ во категоријата за возрасни, заедно со Александар Николиќ беа специјални гости на скопската акција.
Меѓународниот стрип-салон е финансиран од Министерството за култура на Република Македонија и од општината Велес.
Т.Т.